МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ
Истражувачки Проекти предвидени за 2009 година |
| Кале Скопје - археолошко истражување |
 |
Продолжување на археолошките истражувања од 2007 година. Истражувањата ќе бидат насочени во централното градско јадро каде што се очекува на пет сектори да бидат ангажирани повеќе археолози, архитекти, антрополози, нумизматичари, конзерватори, фотографи, студенти и општи работници.
Раководител на истражувањато: Проф. Д-р Драги Митревски
|
| Скупи - археолошко истражување |
 |
Продолжување на археолошките истражувања од минатата 2008 година. Истражувањата ќе продолжат на започнатите два сектора и тоа во централното градско јадро и ј/и бедем. Со отворање на нови сегменти, се очекува со истражувањата да се добијат поконкретни податоци за делот започнат во минатата година.
Раководители на истражувањето:
Централно градско јадро: Д-р Марина Ончевска Тодоровска
Бедем: Ленче Јованова
|
|
| Таор - археолошко истражување |
 |
Продолжување на истражувањата од минатата година со отварање на нов сегменти кон јужната страна. Со истражувањата се очекува да се потврдат и доистражат содржините откриени од минатата година, како би можело да се создадат услови за непречени активности околу изработка на проект за конзервација.
Раководител на истражувањата: М-р Киро Ристов |
| Via Egnatia - евидентирање, документирање и истражување |
 |
Повеќегодишен проект за евидентирање, документирање и истражување на остатоците од трасата Via Egnatia според Tabula Peutingeriana на потегот во Република Македонија, попатните станици и локални приклучни патни траси.
Се предвидува истражувањето да започне во текот на оваа 2009 година со евидентирање на дел од трасата на потезот од Cafa San (Македонско-албанска граница) до Lihnidos (Охрид). Потврдување на овој дел од трасата според досегашните проучувања, нивни евентуални дополнувања, евидентирање на попатните станици и приклучни патни траси. Подготовка за изработка на документација (геодетска проспекција) и изработка на потенцијална листа на локалитети за истражување во наредниот период кои се непосредно врзани за функционирањето на Via Egnatia на овој дел од трасата.
Во овој период, покрај отпочнување на теренските активности, ќе биде определена методологија за работа и процес на функционирање на проектот, изработка на геодетски подлоги, како и дополнување со нови податоци на досегашните објавени извештаи.
Раководител на истражувањето: М-р Киро Ристов.
|
| Колекција Чаки - изложба на монети ковани од македонските кралеви |
На изложбата ќе бидат презентирани монети од Колекцијата на Часлав Кузмановиќ од Скопје. Се работи за колекција од над неколку илјади парчиња, кои претставуваат основа за тематско и научно проучување.
На изложбата ќе бидат презентирани монети ковани од Македонските кралеви и градови во периодот од VI – II век пред н.е. Посебно ќе бидат презентирани монети ковани од првиот македонски крал кој кова пари Александар I (498-454) до последниот Персеј (179-168), како и од градовите Тесалоника, Амфипол, Пела, Филипи, Едеса, Дион.
Комесар на изложбата: М-р Киро Ристов.
|