“...Некаде во подрачјето на европските Дарданци, кои живееат зад границите на Епидамнијците, во непосредна близина на кастелот наречен Бадеријана (денешното село Бадер), беше село по име Таврисиј (денешен Таор). Тука е роден царот Јустинијан, основачот на светското царство. Опколувајќи го набрзина ова село со ѕид во форма на четириаголник и подигајќи на секој агол по една кула, создаде четирикулен кастел па така и го нарече (Тетрапиргијан). Крај него изгради убав град и го нарече Јустинијана Прима, оддолжувајќи се на тој начин на својата родителка...” |